+389 34 345 981 | info@ab-novoselski.com
 |  (mk) -         

Новости:

Tимот на АБ-Новоселски

Новоселски е семејна фирма основата 1993 година под името АБ-Мерцедес од двајца сопружници- сопруг и сопруга Ѓорги и Катина Новоселски.
Главна дејност при формирање на компанијате е ПРЕВОЗ НА СТОКИ во патниот сообраќај.
Се до 1995 год дејноста е обавувана од еден вработен со едно возило.
Во 1995 година основачите на компанијата го почуствувале недостатокот на резервни делови за TMV и приколици и покрај дејноста превоз отвараат претставништво за продажба на резервни делови и потрошен материјал за Товарни Моторни Возила и приколици. На самиот почеток компанијата се специјализира за возилото MERCEDES-BENZ, и основните SAF,BPV i ROR. Деловите ги купува од дилерските куќи во Турција и Грција.
Во 1997 год АБ Мерцедес го склучува првиот договор за генерално застапништво со компанијата Бр. 1 во ЕВРОПА за производство и продажба на Воздушни перници CONTINENTAL-CONTITECH. Постепено компанијата расте материјално и кадровски.
Во 2005 година синот АЛЕКСАНДАР ги завршува студиите во Софија специјалност МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР, се вработува во компанијата и во тој момент почнува ново дизајнирање на истата.
Главна дејност се променува во: Увоз и продажба на резервни делови и потрошен материјал.
Мотото на младиот манаџер е КВАЛИТЕТ и само КВАЛИТЕТ.
Воспоставува контакти со најдобрите европски брендови кои секојдневно ги негува и еден по еден осјовува. Друга задача која си ја поставува е кадровски екипирање на компанијата.
Денес со гордост кажуваме дека во компанијата АБ Новоселски има вработено:
двајца МАГИСТРИ,
четворица ВИСОКО ОБРАЗОВАНИ,
четворица со СРЕДНО образование,
четворица Квалификувани работници.
Во 2008 година е донесена одлука за промена на името од АБ Мерцедес во АБ Новоселски. Сите останати атрибути остануваат исти: ЕДБ, Матичен број, Жиро сметки.
Поради големиот интерес отвараат претставништво во Скопје и дилери во сите поголеми градови во МАКЕДОНИЈА.
Денес АБ Новоселски е фирма која работи со врвните светски брендови како:
CONTINENTAL-CONTITECH
JURID- Гуртни и плочки за кочници.
MAN- Филтри комплетен програм.
SAF- Сите делови и сетови за осовините
GF –самари и репарации занив
VALEO-Сетови за трансмисија
DAYCO-затезачи и каиши за пренос на моторот
FRIMATEC-пумпи за вода на моторот
DINEX-издувен систем
FEBI-dolen stoj
PETERS- dolen stoj
TEMPING- dolen stoj
VERIGA-синџири за снег
EuroLites- осветлување за возилата
ERMAX-осветлување за возилата
COJALI-воздушни апарати
SABO-амортизери за осовина и кабина
KAHVECI-пластики и делови за шасија и кабина на возилата
SEM-Lastik- Долен строј за камиони и приколици.
AYS- Клучови мануелни и автоматски за камиони и приколици.
EGEFREN-репарации за шепи,дискови и плочки
MAZON-налепници за одраничување и ADR табли
WOLF-масла и мазива
Во овој момент компанијата има на лагер повеке од 6000 артикли.
Оваа бројка секој ден се зголемува со цел задржување на постоечките клиенти и придобивање на нови. Компанијата води грижа за едукација на продажниот тим, следење на маркетинг активностите на пазарот и силно позиционирање на истиот.
Основното мото на компанијата е секој ден да биде материјално, финансиски и кадровски поголема од претходниот, а секоја година да има дел од некој нов програм.

(“Секогаш со вас” тимот на АБ-Новоселски)
f g+